Се преврте автомобил на скопската обиколница кај Визбегово: Загина жена, мажот е тешко повреден

|

Вчера попладне во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница Скопје, клучка Визбегово, патничко возило „ровер“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале 53-годишната С.С. и 54-годишниот М.С., двајцата од село Волково, скопско, излетало од коловозот, извести МВР.

– На местото на несреќата починала С.С., а со телесни повреди се здобил М.С. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додаде МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фото: Илустрација