Тешка сообраќајка на “Теодосиј Гологанов”, моторџија итно пренесен во болница

|

На 27.04.2023 во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје, патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(49) од Скопје, удрило во велосипед управуван од М.Р.(65) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Р. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.