Сплитската пејачка Северина на социјалните мрежи изрази жалење за страшната вест од Белград каде што основецот од Владислав Рибникар утринава уби осум соученици и еден училишен чувар, а повреди уште шест ученици и еден наставник.
Популарната хрватска поп ѕвезда напиша:
„Кога ќе се случи неопислива трагедија, кога возрасните остануваат без зборови, кога владее тажна тишина, песната мора да престане и сите ние да им оддадеме почит на невините жртви. Соодветно е во овој момент да се одложи секој концерт, вклучително и мојот, кој требаше да се одржи во хотелот The Babe во Белград. Искрено сочувство до сите што изгубија некого денес…“
Да потсетиме, масовно пукање имаше во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. 13-годишен ученик утрово влегол вооружен во училиштето и почнал да пука. Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека се убиени осум ученици и и еден чувар.
Претходно беше потврдено дека ученикот кој пукал е уапсен, а според последните информации уапсен е и неговиот татко и задржан 48 часа.