|
Ноќеска на автопатот Скопје-Велес пред тунелите над Башино село се случила сообраќајна несреќа во која едно лице С.Н. (31) е починато на лице место и две сопатнички од возилото се повредени.
На лице место интервенирале и од Против пожарната единица од Велес како и од Брзата помош, но кај 31 годишниот велешанец е констатирана смрт, додека кај двете сопатнички се констатирани повреди и се префрлени во општата болница Велес.
Едната од сопатничките заради сериозноста на повредите е пренесена во Клиничкиот центар во Скопје.
Автомобилот со кој управувал С.Н излетал од коловозот на автопатот пред тунелите по патарината Сопот.
Телото на младиот велешанец по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција.