Променливо време со повремен дожд и во наредните денови

|

Времето и утре ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Во петок и сабота ќе биде посончево, а во петок попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

-Од недела повторно се очекува променливо облачно време, на места со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР.