Тетово: 11 годишни основци оставиле список со ученици и закани до нив, случајот пријавен

|

СВР Тетово информира дека нивни службеници и претставници на соодветни служби извршиле разговор со 11 годишни ученици, откако добиле пријава дека децата оставиле лист хартија во тоалет со напишани имиња на други ученици и напишани закани кон нив. Станува збор за ученици во основно училиште во градот.

-Денеска (10 мај), во присуство на нивните родители, психолог и педагог, извршен е службен разговор со 11-годишна малолетничка и 11-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава во СВР Тетово дека во тоалет во основното училиште каде учат оставиле лист хартија со имиња на ученици и закани кон нив, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според информацијата од тетовската полиција известен е Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.