„Операциите биле непотребни, премногу изгледаш како старлета“ Бројни критики поради изгледот – вака сега изгледа Меган

ИЗВОРНов Лист
|

Деколтето на Меган Фокс никогаш не било побујно! Актерката, и една од најубавите жени на светот, се појави на забава организирана од магазинот „Sports Illustrated“ и го прекинаа настанот. Таа се појави со градите во преден план и веднаш започна гласини за пластични операции. Таа облече црн фустан кој во горниот дел беше целосно проѕирен.

Како и секогаш, Меган ги истакна своите атрибути и ја покажа новата боја на коса. Покрај многуте комплименти кои ги доби за својот изглед, Меган се соочи и со низа критики. Сите се убедени дека направила пластична операција, посочувајќи дека таа е една од ретките жени на кои тоа воопшто не и е потребно.

„Изгледа многу поинаку од порано. Не и требаше операција“, „Штета што сега изгледа како старлета“, „Секој има право да прави што сака со своето тело. Таа и понатаму е една од најатрактивните жени во светот“, „Нешто се смени, немало потреба“, „Така почнува, до моментот кога ќе стане зависна од пластика“, гласат дел од коментарите.

Актерката истакна дека и претставувала голема чест што ѝ се укажала можност да позира за споменатиот магазин.

Да потсетиме, Меган во интервјуто зборуваше за телесна дисморфија, нарушување што предизвикува преокупација со замислена маана во физичкиот изглед. “Имам телесна дисморфија. Не се гледам себеси онака како што ме гледаат другите луѓе. Никогаш во животот не сум го сакала своето тело. На бескрајно долго патување сум да се сакам себеси”, рекла таа. Таа исто така истакна дека отсекогаш била загрижена за својот изглед, дури и кога била мало девојче.