Астероидот наречен 2023 JK се очекува утре да прелета покрај Земјата, промашувајќи ја нашата планета за нешто повеќе од 1,6 милиони километри.
Според американската вселенска агенција НАСА, 2023 JK е со големина колку комерцијален патнички авион. Астероидот JD4 – кој е приближно со иста големина како 2023 JK – исто така ќе помине утре и ќе ја промаши Земјата за речиси двојно поголема оддалеченост.
Уште три астероиди ќе поминат недалеку од Земјата: Blue Marble со големина на автобус, 2023 JL2 со големина на авион и HG11 – со дијаметар од само седум метри – кој ќе се приближи на 4,5 милиони километри.
Преминот на JK 2023 можеби е многу опасен во споредба со другите летечки карпи, но човештвото сепак не треба да ги менува своите планови за викендот. За споредба, Месечината е оддалечена 380.000 километри од Земјата, а во ретка прилика кога астероиди удриле во нашата планета, обично тоа и не бил некој настан.
„Околу еднаш годишно, астероид со големина на автомобил удира во атмосферата на Земјата, создава импресивна огнена топка и гори пред да стигне до површината“, објави НАСА.
Пред околу 65 милиони години, астероид со големина на планина ги збриша диносаурусите и поголемиот дел од остатокот од животот на Земјата.