Несреќа во НП Галичица – Данец тешко повреден од пад од четирицикл

|

Дански државјанин бил тешко повреден, откако паднал возејќи четирицикл на местото викано „Суво Поле“ во Нацинален парк „Галичица“.

– Во ОВР Ресен било пријавено дека на место викано „Суво Поле“ во Нацинален парк „Галичица“, Ф.М.М.Д.(30) од Данска, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки на земјен пат, изгубил контрола и паднал. Во несреќата, Ф.М.М.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен, соопштуваат од МВР.