|
Силен дожд со град попладнево околу 14 часот го зафати Велес. Велешките главни и споредни улици во ниските делови од градот беа поплавени со вода.
Движењето на сообраќајот по главните улици беше отежнато, а посебно на пешаците кои не можеа да ги преминат улиците од едната на другата страна.
Од Центарот за справување со кризи за МИА информираат дека засега нема пријавено штети од невремето.
Земјоделски стручњаци за МИА, појаснуваат дека поради силниот град очекуваат пријави од земјоделците за оштети на родот од градинарски култури и овошни дрвца. (МИА)