Кога јадете во ресторан треба да обрнете внимание на многу работи, а меѓу другото и на тоа колку ресторанот е среден, чист и колку персоналот внимава на хигиената. Но без оглед на сето тоа, овие работи не би требало да ги јадете (и пиете) во ресторани.
1. Бесплатни грицки
Бидејќи грицките се бесплатни, лицата во ресторанот најчесто не водат сметка за тоа колку тие се свежи. Тоа е како да јадете од туѓи раце. Овие грицки најверојатно лошо се складираат, и најчесто остатоците од нив се собираат и повторно се служат.
2. Месо со коска
Месото со коска потешко се приготвува, бидејќи коската брзо загорува, па месото однадвор изгледа подготвено, но одвнатре е недоволно пржено. Познато е дека недоволно прженото месо е многу опасно поради бактериолошките неправилности.
3. Јадења со сосови
За да се избегне фрлањето на намирници, рестораните собираат голема количина на остатоци од храна. На крај сите тие остатоци ги приготвуваат заедно со сосовите кои го маскираат старото месо или стариот желенчук. Затоа, избегнувајте ги овие јадења.
4. Најпродавани производи
Многумина мислат дека најпродаваните производи се и најдобри. Но треба да знаете дека многу ресторани за брза храна најпродаваните производи претходно ги подготвуваат, па некои од нив стојат подолго време и се подгреваат по неколку пати за да се прикрие дека тие не се свежи.
5. Вода од чешма
Ова е една од најопасните работи. Било што влажно што стои на температура од 4 до 60 степени, дури и за кратко време, привлекува бактерии. Ако на масата во ресторанот ве пречека бокал вода која не е ледено ладна, побарајте нова.