Симулирал пукање во деца во парк, па претепал маж – драма во Белград

|

П.М (31год.) вчера бил уапсен поради насилничко однесување, пишува Телеграф.рс. Во текот на вечерта дошол во парк кој бил полн со деца и во еден момент почнал да симулира пукање кон децата кои си играле во паркот, потоа му пришол на еден човек и му удрил шлаканици.

Полицијата кај уапсениот П.М. не нашла оружје.

По наредба на основното јавно обвинителство во Белград, во полиција му е одреден притвор до 48 часа, пишуваат српските медиуми.