Мајка од Скопје раскажува дека нејзината ќерка била сексуално вознемирувана од соученици во основно училиште

|

Директорката за “Слободен печат” изјавила дека седумгодишни деца не можат сексуално да бидат вознемирувани…

Мајка на првоодделенка во едно скопско училиште пред камерата на „Слободен печат“ низ солзи тврди дека нејзината ќерка на училиште дожeала сексуално вознемирување од пет момчиња-соученици кои насилно ја допирале по гениталиите, а претходно во изолиран случај ја влечеле за облеката, од што девојчето имало црвени траги околу вратот, кои подоцна помодреле.

Откако мајката го пријавила случајот во училиштето, наставничките се потпишале на изјава дека такво нешто не постои, односно дека насилство во училиштето немало.

Декаденцијата во педагошките вредности и неефикасноста на стручниот кадар во ова училиште, кулминирале, кога една од наставничките во комуникација со друга родителка и кажала дека „и нивните девојчиња не се цвеќе за мирисање“, дека се „понапредни и провоцираат“ со својот изглед. Станува збор за девојчиња на возраст од шест години.

Директорката на училиштето во телефонски разговор за „Слободен печат“ кажа дека целата ситуација е „театар“ и дека „седумгодишни деца не можат сексуално да бидат вознемирувани“.

Повеќе на Слободен печат со клик ТУКА.