Пронајден 17-годишникот кој беше исчезнат… стан се запали во Скопје

|

На 28.05.2023 во 16.00 часот на ул.„Балканска“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го пронашле Р.И.(17), за кој претходно беше пријавено дека се оддалечил од СОС Детско село од Скопје.
Лицето било предадено на Центарот за социјални работи Скопје.

На 29.05.2023 во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на подрачјето на Аеродром, сопственост на К.К.(36) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а лекар од Итна медицинска помош укажал помош на К.К., поради вдишување на чад. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.