Поминаа година и пол откако Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ раскинаа, а славниот пар, како што тогаш тврдеа, мирно се разделиле, по што останале во пријателски односи.
Сепак, Ражнатовиќ и Срејовиќ после тоа не се виделе, не се сретнале ниту на јавни настани. Но, тој момент мораше еднаш да дојде, а тоа се случи сега, на настапот на една фолк дива.
Цеца и Богдан се запознале на забава на кошаркари, на која фолк дивата настапувала како специјален гостин, а Богдан очигледно работи во тој клуб како менаџер, бидејќи често споделува видеа од него.
Тоа го направи и овој пат, додуша, не го објави видеото каде пее неговата поранешна девојка, туку она на кое се гледаат е кошаркари како се забавуваат со друга пејачка. Сепак, нема сомнеж дека таа вечер ја сретнал Цеца, која на тој настап блесна како никогаш досега.