УЈП ОБЈАВИ НОВА ЛИСТА СО ИМИЊА НА ФИРМИ И ЛУЃЕ КОИ ДОЛЖАТ ДАНОК – Еве кој и колку должи за данок

|

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.10/2023 за долгови доспеани до 30.06.2023 и неплатени до 30.09.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

На Листата на должници бр.10/2023 објавени се 1783 должници – правни лица (повеќе за 49 од претходната листа) и 3629 физички лица (повеќе за 253 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.10/2023 изнесува 8.194.906.425 денари, (помалку за 110.631.456 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.052.452.652 денари, (помалку за 69.672.507 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 142.453.773 денари (помалку за 40.958.949 денари од претходната листа).

Листата можете да ја погледнете на линкот во продолжение:

http://ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/616