Рашко-призренската епархија ќе поднесе жалба на одлуката на властите на Косово за депортацијата на игуменот на манастирот Девина вода кај Звечани.
Имено, според мислењето на правниот тим на Рашко-призренската епархија, се работи за самоволна забрана за престој на игуменот Фотиј бидејќи нема обвинение или кривична одговорност.
При депортацијата припадниците на косовската полиција експлицитно одбиле да му дадат објаснување на претставникот на ЕУЛЕКС и ОБСЕ, иако и двајцата биле сведоци на депортацијата.
За депортацијата на игуменот досега од меѓународните организации се огласи само ЕУЛЕКС.
„Во согласност со својот обемен надзорен мандат, ЕУЛЕКС внимателно ги следи избраните институции за владеење на правото во Косово и нивната усогласеност со законските, процедуралните и обврските за човекови права. ЕУЛЕКС темелно и решително го следи случајот што го споменавте. За дополнителни информации, ве молиме контактирајте ги косовските власти“, се наведува во одговорот на ЕУЛЕКС од Косово онлајн.
Инаку, според важечкиот закон на Косово се наведува дека „нема да има произволна забрана за влез во Косово или престој во Косово за свештеници, кандидати за свештенство, монаси, монахињи и посетители, објави српски Курир.