ЦУК: Активни два пожари, вчера регистрирани 26 пожари

|

Активни се два пожари од вкупно 26 на отворен простор што се регистрирани вчера во државава, информира утрово Центрот за управување со кризи (ЦУК).

-Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки и во Општина Чашка кај село Крива Круша, каде што гори сува трева и папрат, се наведува во соопштението.

Изгаснатите 24 пожари од вкупно 26 во последното деноноќие биле во:

– Општина Гази Баба, кај клучка кај Арачиново (каде што горела трска);

– Општина Аеродром. покрј ул.„Ѓорѓи Капчев“ (отпадоци);

– Општина Бутел, кај населбара „Кучевишка Бара“ (сува трева);

– Општина Илинден, кај с.Бунарџик (сува трева);

– Општина Новаци, кај с.Бач (сува трева);

– Општина Прилеп, 5 пожари, кај Индустриско училиште (сува трева), с.Селце (сува трева), с.Големо Коњари (сува трева), с.Новоселани (сува трева) и кај Прилепско Езеро (сува трева, грмушки и шума); – Општина Долнени, помеѓу селата Рилево и Сливје (сува трева);

– Општина Кривогаштани, 3 пожари, кај с.Локвени (сува трева), помеѓу Кривогаштани и Врбјни (сува трева) и помеѓу с.Кривогаштани и с.Светомитрани (сува трева);

– Општина Гевгелија, кај с.Ѓавато (сува трева); – Општина Велес, с.Иванковци (сува трева);

– Општина Чашка, с.Стари Град (сува трева и трње);

– Општина Штип, помеѓу конфекција Албатрос и Штипска млекара (сува трева и грмушки);

– Општина Куманово, 2 пожара, с.Карабичани (сува трева) и с.Романовце (стрниште);

– Општина Старо Нагоричане, 2 пожара,: с.Кокино (сува трева и борови гранки); с.Никуљане (стрниште);

– Општина Крива Паланка, с.Луке (букова шума и сува трева) и во – Општина Кратово: с.Татомир (каде што горела сува трева).