Погледнете ја реакцијата на куче кога слушнало дека оди во нов дом

|

Џо Каи, сопственик на „Adopting Dogs“ од американската сојузна држава Охајо, на својот ТикТок профил покажал како едно од неговите кучиња реагирало кога слушнало дека некој го вдомил.

На снимката можеме да видиме како Каи му зборува на кучето дека нова сопственичка сака да го вдоми веднаш, а кучето за тоа време весело скока и лае.

„Најдобрата работа e кога вдомувачот вели дека сака да вдоми кучe во истиот момент“, напишал Каи во објавата.

Краткото видео собрало повеќе од 700.000 прегледи и ги освоило срцата на многу гледачи.

„Зошто плачам“, „Заслужува нов дом“, „Прекрасно“, „Ова ми го разубави денот“, се само некои од коментарите на објавата.