Фолкерот Аца Лукас пред нешто повеќе од една недела го ожени синот Лазар, но на свадбата не присуствуваше неговиот добар пријател Ацо Пејовиќ.
Пејовиќ сега откри дека здравствената состојба на неговиот татко е причината поради која не можел да дојде на свадбата на наследникот на Лукас.
– Не можев да стигнам на свадбата на синот на Лукас, бев на гости кај татко ми кој беше малку болен, тоа се некои работи кои се поважни – изјави Ацо Пејовиќ.
Пејачот додаде дека тој ден се слушнал со Аца и му честитал нему и на неговиот син.
– Секако, разговаравме тој ден, му посакав се најдобро на мојот брат, му честитав и направив дел од мојата братска, пријателска должност, но тој ден навистина не можев да дојдам. Знаеше каква е ситуацијата, разбираше и секако не се лутеше – објасни Пејовиќ.
Да потсетиме, Аца Лукас откри дека на свадбата на Лазар поканил само тројца колеги од естрадата – Цеца Ражнатовиќ, Саша Матиќ и Пејовиќ. На прославата присуствувале Матиќ и Цеца, но Ражнатовиќ пристигнала нешто подоцна, бидејќи тој ден имала снимање на „Ѕвездите на Гранд“, каде што е член на жирито.