|
Агентот на Пеп Гвардиола, Жозеп Мариа Оробит тврди дека неговиот клиент е среќен во Сити и планира да остане во клубот до истекот на неговиот договор.
Откако Баерн Минхен ја раскина соработката со Нико Ковач, бројни англиски и германски медиуми шпекулираа дека Гвардиола би можел да се врати во таборот на Баварците.
„Разговарав со Пеп во средата и се е исто. Тој се чувствува добро во Манчестер Сити и планира да остане до истекот на договорот, односно до 30-ти јуни 2021-ва година“, изјави агентот на Пеп Гвардиола, Оробит и додаде:
„Сепак, во фудбалот ништо не е сигурно“, изјави Оробит.