Неодамна Џамбо Агушев, се пофали дека неговиот албум „Brasses for the masses“ е прогласен за најдобар албум според престижната “German Record Critics” за 2020 година а сега ги израдува своите фанови со уште една прекрасна вест, овојпат од приватен карактер.
Тој и неговата сопруга Асена по трет пат станаа родители. На свет дојде ќерката Мелинам, а веста на социјалните мрежи ја објави среќниот татко.
– Фала му на Бога, мојата ќерка Мелинам се роди. Добре дојде во нашето семејство, моја убава ќерко! – напиша Џамбо.
Инаку Џамбо е во брак со својата сопруга веќе десет години и досега ги имаат ќерката Севги и синот Мерт.
Ова е оригиналната вест која тој ја објави на својот профил на Фејсбук.
https://www.facebook.com/cambo.agusev.3/posts/10224481639696516