Вага научете да кажете не, Овен време е за вежбање – Дневен хороскоп 2 септември 2020

|

ОВЕН

Долго време не сте вежбале. Денеска е вистинска прилика за тоа. Во здраво тело – здрав дух. Почнете лесно и не се откажувајте. Совршена прилика за нова врска за оние кои се слободни. Понекогаш е едноставно кога имате некој крај себе. Не е лесно сами да се борите против проблемите па размислете за тоа.

БИК

Лесна прошетка прави чуда за вашето здравје. Шетајте секој ден, и тоа е доволно за почеток. Ќе видите позитивни промени и колку ќе ви годи сето тоа. На работа ситуацијата е критична, размислете за заминување или за некоја промена, додека не дошле потешки ситуации.

БЛИЗНАЦИ

Денеска се чувствувате креативно, таа креативност насочете ја кон вистинските работи. Инспиративни сте и се чувствувате полетно. Уживајте со саканата личност барем и на еден час, и не дозволувајте никој да ве прекинува. И тие уживања нека бидат чести.

РАК

Не ви недостасува енергија, само ви треба малку желба да ја завршите започнатата работа. Секогаш сте ги чувале емоциите во себе, но ќе почувствувате вистинско олеснување ако ги искажете кон личноста кон која чувствувате нешто.

ЛАВ

Идеално време да ги одредите приоритетите и да ги поставите работите на вистинско место. Семејството не смее да страга поради вашите обврски и тоа мора да ви биде јасно. Довршете го она што сте го започнале пред извесно време, најдобро е да знаете на што сте пред да продолжите понатаму.

ДЕВИЦА

Можно е да се разминувате со мислењата со своите блиски, но потрудете се на решавање на проблемите да пристапите смирено и без нервоза. Работата не ве задоволува во последно време, но наскоро ситуацијата ќе биде подобра. Само ви треба малку трпение.

ВАГА

Не се трудете да ги исправите работите на работа доколку и другите не го сакаат тоа. Единствено вие ќе се измачите и ќе ги почувствувате негативните последици поради тоа. Немојте да дозволите саканата личност да ја искористува вашата добрина, граница мора секогаш да постои. Научете да кажете не, иако сте се навикнале на спротивното.

ШКОРПИЈА

Идеална ситуација за разговор со шеф, можеби е време за зголемување на платата или за нови работни задачи. Разговор секогаш може да реши многу недоумици кога се во прашање вашите задачи на работното место. Интересна средба е можна во попладневние часови, потрудете се да бидете на вистинското место во вистинско време. Но немојте да очекувате премногу.

СТРЕЛЕЦ

Друштвениот живот ви е запоставен поради работата во последно време, и пробајте тоа да го смените. Еден повик може да ги смени работите многу брзо. За сите слободни стрелци ова е идеален момент за започнување на нова врска. Дејствувајте.

ЈАРЕЦ

Организацијата треба да ви биде на прво место. Без добра организација работата никогаш нема да биде завршена. Доколку во организацијата учевствуваат и колеги, уште подобро. Можна главоболка денеска во попладневните часови. Краток одмор сето тоа може да го спречи или реши.

ВОДОЛИЈА

Збунети сте околу многу работи кога е во прашање вашиот живот. Денеска направете план по кој таа збунетост ќе ја елиминирате или барем намалите. Послушајте совет од саканата личност пред да почнете да тврдите дека сте во право за сите работи.

РИБИ

Ситуацијата на работа е стабилна. Потрудете се да уживате во стабилноста додека трае, никогаш не се знае кога ќе има следна бура. На слободните риби им доаѓа ред за малку флертување. Не мора секој флерт да заврши со сериозна врска, но секако подобро ќе се чувствувате.