Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган нареди музејот Аја Софија, едно од најпознатите обележја во Истанбул, да се претвори во џамија.
Тој го објави прогласот во петок, неколку часа откако врховниот суд му го расчисти патот за да ја направи промената.
Аја Софија, главнта атракција за туристите во Истанбул, има долга и комплицирана историја. Архитектонското чудо е изградено како црква од Византијците во 6 век и потоа се претворило во џамија по османлиското освојување на Цариград во 1453 година.
Во 1934 година, кабинетот на турскиот водач Мустафа Кемал Ататурк донесе одлука тој да се претвори во музеј. Аја Софија нашироко се смета како симбол на мирен религиозен соживот.
Пресудата во петокот го поништува указот од 1934 година. Оваа пресуда му доделува на претседателот на Турција овластување да го врати музејот во неговиот статус како џамија. Во документот се вели дека на оваа локација е наведено дека има објект – џамија поради што не може да се користи како музеј, објави турската новинска агенција „Анадолу“.
Ердоган претходно сигнализираше дека има намера да ја направи таа промена. Во својата одлука во петокот, тој рече дека правата за користење на објектот ќе бидат префрлени на Дирекцијата за верски работи и истата ќе биде отворена религиозни посетители.