Ако треба да возите по дожд, овие работи мора да ги знаете

ИЗВОРСкопје24
|

Возењето на површина која е влажна секогаш носи дополнителен предизвик и може да донесе несакани проблеми на автопатот. Секогаш мора да се вози со далеку поголема внимателност отколку кога се работи за возење по сува површина и затоа е максимално важно да се биде концентриран, но и да е знаат некои работи.

Затоа советите во продолжение ќе ви дадат можност за возење по мокри патишта, а на тој начин вие и вашите сопатници ќе бидете сигурни.

1. Редовно проверувајте во каква состојба се гумите

Пред да тргнете на пат секогаш проверете ги гумите. Никако не смеете да го заборавите следното:

* Погрижете се гумите цело време да имаат правилен притисок. Правилната вредност на притисокот во гумите ја одредува произведуачот, а може да се најде на налепницата која може да биде на ивицата на вратата од страната на возачот, на капакот пред совозачот или на внатрешната страна на капакот на резервоарот за гориво. Наведена е и во прирачникот за користење на возилото. Бројот наведен на надворешната страна на гумите не е препорачаниот притисок на воздх за гумите туку тоа е највисокиот дозволен притисок во вашите гумите. Притисокот во гумите треба да се проверува барем еднаш месечно.

Проверувајте ја и длабочината на шарите. Длабочината која одговара помага да се спречи лизгање, аквапланинг и пукање на гумата.

2. Забавете

Дождот се меша со нечистотијата и маслото на патот, што создава идеални услови за лизгање на возилото. Најдобриот начин за да се избегне лизгање е бавно возење. Ако се вози побавно, поголем дел од газечкиот слој на гумата е во контакт со патот, а тоа овозможува подобар контакт.

3. Како да постапите при лизгање?

И на најдобрите возачи им се случува возилото да им пролизга. Мора да се знае дека во тој случај не смеете нагло да стискате на кочницата. Ако имате систем против блокирање на тркатала (ABS), не притискајте на папучата за кочница како да пумпате. Одлучно и рамномерно притиснете ја кочницата, а воланот насочете го во правецот на лизгање.

4. Задржете безбедна одалеченост

Возењето по влажен коловоз бара нежност при вртење со управувачот, притискање на квачилото, кочницата или гаста, а постои поголема можност за грешки и тешки ситуации. Ако тргнете на пат по дожд, имате мокри чевли кои на папучите можат да лизгаат. Пред да го запалите моторот избришете ги чевлите од тепихот во автомобилот. Сите возачи мораат редовно да проверуваат дали им работат светлата, задните светла и трепкачите. На мокар пат за запирање е потребно типати повеќе време отколку на сув. Со оглед на тоа што за кочење е потребен подолг пат, многу е важно да не возите непосредно зад возилото пред вас.

Возете барем две должини на автомобил зад возилото пред вас.

5. Возете по трагите на тркалата на возилото пред вас

Избегнувајте кочење. Ако како било можете, брзината смалувајте ја така што ќе ја кренете ногата од папучата за гас. Возете со запалени светла дури и ако само лесно врне. Така ќе можете поубаво да го гледате патот, а другите возачи полесно ќе ве забележат. Ако вашиот автомобил има светла за дневно возење, нека бидат запалени за возачите зад вас да ве гледаат подобро.

6. Научете како да избегнете аквапланинг и како да постапите кога ќе ви се случи

Аквапланинг се јавува ако пред гумите се собере повеќе вода која возилото со својата тежина е способно да ја оттурне. Поради притисокот на водата автомобилот се крева и лизга на тенок слој вода меѓу гумите и патот. Во тој момент автомобилот може да го изгуби контактот со асфалтот така што може да се најдете во опасност и да ве занесе од вашата патека за возење или дури и од патот.

За да избегнете аквапланинг, одржувајте правилен притисок на воздух во гумите, погрижете се длабочината на шарите во гумите да биде во законските граници и заменете ги гумите кога ќе биде потребно. На мокри патишта успорете и избегнувајте локви. Обидете се да визуте ои трагите на гумите пред вас. Ако доживеете аквапланинг немојте нагло да кочите и не вртете го воланот. Поради кочење автомобилот би можел да се занесе. Кренете ја ногата од папучата за гас за да може брзината на автомобилот да се намали. Ако треба да кочите направете го тоа лесно, повеќепати по ред.

7. Кога врне силно, подобро застанете

Ако врне силно, вашите бришачи се преоптоврени и на стаклото сето време имате слој на вода. Кога видливоста ќе се влоши на тој начин што од сигурна одалеченост повеќе не ја гледате ивицата на патот или другите возила, време е да се тргнете од патот и да го запрете возилото за да почекате да се намали силината на дождот.

Најдобро е да причекaте на некое одморалиште или на други заштитени места. Ако не ви преостанува ништо друго туку ивицата на патот, паркирајте што е можно подалеку од патот и причекајте бурата да помине. Оставете ги светлата запалени, а исто така вклучете ги сите четири трепкачи за другите возачи да ве видат.

8. Кога ќе почне да врне, патиштата се многу лизгави

Кога ќе почне да врне, патишрата секогаш се најтешки за возење бидејќи калта и маслото на сувиот асфалт се мешаат со дождот и се создава многу лизгав слој. Често се случува возачите да изгубат контрола над своето возило, па затоа предупредуваме дека мораат да бидат посебно внимателни во првиот пола час од почетокот на дождот.

9. По облачно време видливоста е помала

Бидете посебно внимателни кај претекнувањата.

10. После возење по вода исушете ги кочниците

Ако сте возеле по вода која е доволно длабока за да ја свитка вилицата на кочницата, лесно притиснете на кочницата за да се исуши.

11. Не возете ако сте уморни

После неколку часа возење морате да правите пауза и тоа правете го постојано. Најдобро е да го правите после 150 минати километри.