Ако возите низ Грција оваа апликација може многу да ви користи

ИЗВОРСкопје24
|

Грција е честа дестинација за нашите сограѓани, особено во летниот период, за празници и викендите кога има сончево време. Најчесто патуваме блиску до морето и поради близината на границата многумина гориво полнат во Македонија и со истиот резервоар се враќаат и назад.

Но, што доколку треба да наполните гориво, а не знаете каде има бензинска станица, особено ако првпат се наоѓате во тој регион, или пак по некоја случајност црвената стрелка е премногу при дното. Не знате точно уште колку километри можете да возите, а не знате која е најблиската станица.

Оваа апликација (fuelgr) која можете да ја симнете на вашиот мобилен телефон преку google play или App store може многу да ви го олесни патувањето. Не само за најблиската станица туку тука имате и цени на горивата, он најниската, највисоката па до просечната. Исто така бензинските станици се поставени без разлика на брендот.

Доколку сакате на вашиот компјутер да ја разгледате апликацијата, тоа можете да го сторите на следниот линк.

извор: 24auto.mk