АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЧНИОТ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД И ВО ДЕНОВИТЕ ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ПОЧЕСТИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД!

ИЗВОРНов Лист
|

Според сегашните анализи со кој располагаме, првата недела од месецот Мај ќе помине во знакот на нестабилно време со почести врнежи од дожд а и температурите на воздухот ќе бидат нешто пониски од вообичаените и најпрвин ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен, додека во текот на следната недела истите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

Локално пак ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

И во Скопскиот регион овие денови времето ќе биде променливо со повремени врнеи од дожд, а ќе има услови и за локална нестабилност проследена со ретки грмежи, како и со засилување на ветерот во зоната на нестабилност. Температурите ќе се искачуваат во итервалот помеѓу 18 и 20 степени.

НАПОМЕНА: Според последните излези на нумеричките модели, за време на овој влажен бран и нестабилност што следува овие денови, локално се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО КОЛИЧЕСТВО на воден талог (над 30 л/м2).

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.