Алберто Морено со прв пат виден дефанзивен потег спречи напад на противникот

|

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Алберто Морено е топ тема во Шпанија по неговиот неверојатен дефанзивен потег на натпреварот помеѓу екипите на Виљареал и Атлетик Билбао.

Морено беше во дуел со еден противнички играч, падна на теренот и без гледање на доста чуден начин ја изби топката кон противничката половина.

Со тоа 27 годишниот бек спречи опасен напад за Билбао затоа што друг играч притрчуваше од десната крилна позиција и со сигурност ќе го загрозеше голот на домашниот тим.