Александра од „Брза кујна“ направи храбра промена: Како ви се допаѓа со новата фризура?

|

Познатото лице од кулинарската емисија Брза кујна, Александра важи за човек на кого совршено му одговараат секакви промени кога станува збор за косата.

Александра е доста поразлична кога е изгледот во прашање, па повеќе ги нема специфичните шишки на кои бевме навикнати да ја гледаме на почетокот на емисијата, сега почна постепено да ја менува формата и бојата на косата, па така од една на друга промена, сега конечно веќе таа стана русокоса.

Вчера, понеделнички, за да не биде денот досаден, таа се реши за храбра промена, односно ја оби косата комплетно руса, а тоа го покажа на Инстаграм, од процесот на боење, па се до финалниот реузлтат за кој доби доста позитивни коментари.