Ја нарекуваа најубавата Италијанка на светот, а денес има 65 години – каде и да се појави, никој не може да престане да ја гледа

|

Денеска славната италијанска дива Орнела Мути го прославува својот 65-ти роденден, а оваа актерка и покрај времето кое постојано тече, останала симбол на убавина и префинетост.

Орнела се прославила кон средината на 70-тите во родната Италија благодарение на неверојатно убавото лице, но набрзо започнала да снима филмови и надвор од границите на својата земја.

Светската слава ѝ ја донесе култното остварување “Flash Gordon” каде го воодушеви светот како принцезата Аура. И покрај тоа што од таа улога поминаа цели 40 години, Мути и денес изгледа неверојатно, а нејзината харизма воопшто не избледнала.

Актерката е вистински доказ како се старее со стил – и покрај тоа што е очигледно дека се негува и ја чува својата убавина, Орнела не потклекнала на трендот на пластични операции и во неколку наврати истакнала дека е остар противник на “заминувањето под нож”.

Сепак, актерката активно е посветена на негата на кожа со помош на квалитетна природна козметика, особено серумите против брчки и кремите за подрачјето околу очите, а често практикува и бројни третмани на лицето.

Орнела признала дека за нејзиниот добар изглед е заслужен и здравиот начин на живот – редовното вежбање, неконсумирањето алкохол и исхраната богата со овошје и зеленчук.

“За мене е клучна внатрешната хармонија бидејќи таа ја менува личност. Убавината мора да ја храните и одвнатре и однадвор. Во спротивно ќе се претворите во убаво, но празно пакување”, изјавила Мути своевремено.