Алкалоид вработува: Стручно – комерцијални претставници

|

Зошто АЛКАЛОИД? Затоа што сме една од водечките фармацевтски компании во регионот, која постојано тежнее кон супериорен квалитет на производите, како и кон висока професионалност и континуиран успех. Постојано инвестираме во својот сон за поздрав живот на секој поединец, затоа што веруваме дека ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÉ, велат од компанијата.

„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на ле*ови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. Друштвото брои 1.860 вработени во земјата и 560 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија.

„Алкалоид“ АД има две подружници во земјава, 18 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД и Велика Британија).

Доколку сакате да бидете дел од компанија, која се грижи за своите вработени, и доколку ги поседувате подребните квалификации за оваа позиција, пријавете се! Отворен е конкурс за работното место: Стручно – комерцијални претставници

Од компанијата нудат: Можност за кариерен развој, Компетитивни месечни приходи и Дополнителни награди и бенефити во зависност од остварените цели.

За повеќе информации како и аплицирање на следниот линк со клик ТУКА.