Стружанец наместо да седи во изолација се пресметувал во обложувалница

|

Кривична пријава доби 43 годишен стружанец поради прекршување на решението за задолжителна изолација и на пад со остар предмет на вработен во обложувалница, соопштија денеска СВР Охрид.

Според информацијата, ОВР Струга поднела кривична пријава против С.Р.(43) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опа сно ор*дие при физичка пресметка или караница” и „непостапување според здраствени прописи за време на епиде*ија”.

„Лицето на 27 септември годинава и покрај забраната за движење и задолжителна изолација по издадено решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, се упатил во спортска обложувалница во Струга и со остар предмет физички се пресметал сп вработениот во објектот“, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.