Алуминиумската фолија со своите карактеристики е незаменлива во складирањето на храна, а неретко ја користиме и надвор од кујната. Еве што можете да направите со неа за вашиот автомобил.
Секако, опциите за примена на оваа тенка и сјајна фолија се бројни. Една од најпопуларните примени е заштита од сончевите зраци – многумина ја користат како прва и најбрза линија за заштита од навлегувањето на сончевата топлина на прозорците во куќата, станот, а истото важи и за автомобилот. Затоа, не е лошо ветробранското стакло да го заштитите со алуминиумска фолија (секако, доколку немате друго решение).
Другата можна употреба е можеби и покорисна, особено ако имате понов автомобил кој се контролира со клуч и откако возилото е паркирано и исклучено. Ако го завиткате клучот во фолија, евентуалните крадци нема да можат да го фатат неговиот сигнал и да го преземат кодот. Имајте на ум дека на крадците им е доволно помалку од една минута време за да ви го украдат возилото.
Третиот совет е за сопствениците на постари автомобили со класични осигурувачи и многу помалку електроника. Прегорениот осигурувач можете да го “поправите” така што ќе го завиткате во фолија. Но, мора да се нагласи дека ова е само привремена мерка и истата може да биде опасна.
Ако треба да преточите течност, на пример гориво, алуминиумската фолија повторно може да ви помогне. Свикајте ја фолијата во облик на корнет и на дното оставете мала дупка. Ако имате самолеплива лента, залепете ја фолијата и инката е подготвена.