Судењето на Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд со денови е главна тема и на домашните и на светските медиуми.
Џони Деп ја тужеше својата поранешна сопруга поради напис во Вашингтон пост од 2018 година. Иако не го именувала Џони во нејзината статија, јасно е дека мислела на него.
Судењето трае веќе неколку недели.
Амбер Херд конечно призна дека не ја платила ветената донација од 3,5 милиони долари на ACLU, откако тврдеше дека парите од разводот ги донирала во добротворни цели.
Херд рече дека не донирала пари бидејќи Деп ја тужел. Сепак, Амбер неколку пати тврдеше дека целата сума ја донирала во добротворни цели.
Актерката се појави во шоуто на RTL Late Night во 2018 година.
„Донирани се вкупно 7 милиони долари – ги поделив меѓу ACLU и Детската болница во Лос Анџелес. Не сакав ништо“, рече Амбер во таа прилика.
Сепак, Херд вчера пред судот изјави дека не ја платила целосната донација, бидејќи Џони ја тужел за 50 милиони долари во март 2019 година.