Пратеникот и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам (63), деновиве во домашна атмосфера закрепнува по ампутацијата на ногата. За „Фокус” во телефонски разговор раскажува дека операцијата се случила пред 15 дена, и како секој ден се чувствува подобро.
– Шеќерот си го направи своето, ми беше ампутирана десната нога, до колено. Се чувствувам добро сега, дома сум, моето големо семејство е покрај мене, сите се грижат за мене и ми годи нивното внимание и љубов. Не знаеме што може да ни донесе животот, затоа се вели дека здравјето секогаш треба да ни биде на прво место. Но, јас сум доста амбициозен човек, нема запирање.
Чекам да ми заздрави раната, па потоа ќе ставам протеза. Знам дека нема да биде лесно, ќе се учам повторно да чекорам, ама отсекогаш сум бил борец, за мене предавањето не е опција. Ќе застанам на нозе повторно, и со нови сили се враќам на политиката. Останувам претседател на Сојузот на Ромите, моето место е таму, ова е само една епизода од животот – вели пратеникот.
Амди Бајрам на политичката сцена е присутен од 1991 година и до сега бил во коалиција со сите партии на власт. Тој е македонски политичар и претседател на политичката партија Сојуз на Ромите од Македонија (СРМ).
Повеќе детали прочитајте на Фокус со клик ТУКА.