Американскиот Си-ен-ен детално ја анализираше победата на Ноле над Федерер за трофејот на Вимблдон и во извештајот напиша дека српскиот ас можеби нема да биде популарен и сакан кај фановите како Швајцарецот и Рафаел Надал, но тој редовно ги победува нив на најважните турнири.
Во финалето во Лондон, опишано како историско и многу возбудливо поради неговото времетраење од речиси 5 часа, Си-ен-ен во прв план ја стави и прославата на титулата на Ноле, сега веќе традиционална, “јадење на тревата“.
„Ѓоковиќ спаси две меч топки и го победи секогаш популарниот Швајцарец во најдолгото финале во историјата на Вимблдон“ – се наоѓа на почетокот на текстот.
Важен простор доби и фактот дека светскиот број еден тенисер на светот дојде до бројка од 16 грем слема и се приближил до рекордот на Федерер од 20, додека пак Надал има 18, а од Си-ен-ен го гледаат Ѓоковиќ како прв фаворит на УС Опен.
„Следната година можно е да дојде до промена, особено доколку Ѓоковиќ го освои УС Опен, каде што, како што стојат работите, ќе биде фаворит“ – пишува во текстот, со потсетување дека Ѓоковиќ има 32 години и пет години помалку од Федерер.
Се истакнува податокот и дека Ѓоковиќ последен пат е поразен од Федерер на Грен слем дури пред седум години, во полуфиналето на Вимблдон, а од Надал во 2013-та година, доколку се изостави Ролан Гарос на кој Шпанецот е доминантен.
„Можеби не е популарен како Федерер и Надал и не добива толку многу љубов од навивачите, што го иритира Ѓоковиќ, но редовно ги победува на турнирите“ – заклучиле од Си-ен-ен.