Анастасија проговори за својот роденден и додаде: „Тоа е болна точка за сите нас“

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ неодамна организираше забава по повод нејзиниот роденден, а тогаш за прв пат во јавноста имавме можност да ја видиме со нејзиното ново момче, фудбалерот Немања Гудељ.

Немања успеа да го разгали целото семејство на својата избраничка со подарокот што ѝ го одбрал, а тоа е портрет на неа и нејзиниот покоен татко Жељко Ражнатовиќ Аркан.

„Сите го видовте, тоа е слика од мене и татко ми, навистина ме разнежни мене и мајка ми, што некаде е нормално затоа што е болна точка, но прекрасен гест“, изјави таа.

Таа откри и како поминала забавата.

„Беше фантастично, феноменално, една од подобрите забави во мојот живот, што се однесува до мојот роденден, свадбата на Вељко е сеуште неприкосновена што се однесува до забавата, беше феноменална, сите си поминаа одлично, а јас добив грст на пораки следниот ден дека тоа било најдобрата забава досега“, истакна Анастасија.