Анчелоти го брани Елмас: Тој е млад, му треба поддршка!

|

Екипата на Наполи запиша нов кикс во италијанската Серија А, откако на вчерашниот дуел со СПАЛ одигра само 1-1 и освои еден бод, наместо планираните три. 

По разочарувачкиот бод, фановите не штедеа зборови за да ги критикуваат избраниците на Карло Анчелоти, а меѓу нив беше и нашиот репрезентативец, Ељиф Елмас, кој одигра 54 минути и доби слаби оценки од италијанските медиуми. 

Сепак, во одбрана на македонскиот фудбалер застана искусниот Анчелоти, кој истакна дека Елмас е младо момче и потребна му е поддршка. 

„Можеби можеше да одигра подобро прво полувреме. Но, тој е млад фудбалер, треба уште да учи и нему потребна му е поддршка. Исто така треба да му се помогне да ја најде вистинската позиција на теренот. Не мислам дека го ставив на грешна позиција, тој ја заврши добро дефанзивната фаза по десната страна.“, рече Анчелоти.

По ова реми Наполи остана на четвртата позиција на табелата во Серија А и заостанува дури шест бода во однос на лидерот Јуве (23).