Антониа Гиговска поетски ги искажа љубовните чувства кон Иван

ИЗВОРновлист
|

Младата пејачка Антониа Гиговска иако е меѓу новите надежни имања на домашната естрада, таа очигледно научила дека популарноста не се стекнува само со пеење, туку дека во тоа голема улога игра и приватноста која секогаш е интересна за јавноста.

На сите кои ја следат естрадата им е познато дека македонската поп пејачка Антониа Гиговска и вокалот на „Либеро бенд“ Иван Јованов се заедно. Тие својата љубовна врска ја обелоденија јавно пред неколку месеци и оттогаш ниту се кријат, ниту негираат – напротив, почнаа да објавуваат заеднички фотографии и видеа од својата заедничка приватност на социјалните мрежи.

Имено, деновиве младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска која на „Инстаграм“ ја следат 90.000 фанови, на своето момче, десет години постариот музичар и пејач Иван Јованов од „Либеро бенд“, му напиша љубовно писмо кое трогна многумина.

– Се сеќавам дека беше многу одамна. Имаше искри помеѓу нас во тоа време, но само на далечина. Не знаевме дека ќе бидеме заедно, дека двајцата сме тотално исти. Не само поради она за кое што и двајцата мечтаеме (музиката) туку и поради нашите сродни души. Нема вистинска прилика за ова, само го чувствувам тоа секој ден.. Како првиот ден.. Те сакам! – напиша Гиговска.

Фотографијата за помалку од 24 часа собра повеќе од 8.000 лајкови, и многу позитивни коментари од нејзините фанови.