Весна Бејби објави фотографија со синот: „Конечно сакаше да се слика со мене“

ИЗВОРновлист
|

Макдонската актерка Весна Бејби Петрушевска на својот Инстаграм профил објави заедничка фотографија со синот на „Златна Бубамара на популарноста“.

„Конечно сакаше да се слика со мене“, напиша Бејби во опис на фотографијата.

Имено, пред некој ден Бејби ја прими наградата за најпопуларна детска серија „Дајте музика“, а за публиката имаше моќна порака.

Подоцна Петрушевска ѝ се обрати на целата јавност преку нејзиниот Фејсбук профил и еве што напиша:

„Веројатно она за што вреди да создаваш, да сонуваш заедно со децата, да не заспие никогаш детето во мене…во тебе…во сите нас…најголема вистина на овој свет е дека децата се најдобрата верзија на човекот….денес бев на некое друго место…сите тие насмевки и желба да бидат подобри, најдобри..“