Сведочеше Сергеј Варoшлија – богатството на Боки 13 му го остави баба му, модни куќи му подарувале облека

ИЗВОРНов лист
|

Модниот критичар Сергеј Варошлија во судница сведочеше за блискоска со Бојан Јовановски. Рече дека Боки 13 бил инфлуенсер и модни куќи му подарувале облека и очила со цел рекламирање.

На прашање од обвинителкара Вилма Русковска дали знае дека има докази од фискални сметки за гардеробата која Бојан Јовановски ја купувал, тој одговори негативно.

„Деталите ги оставам во судница, голем дел од таа гардероба не е стекната туку така, тоа е со години. Голем дел од таа е поклонета“, истакна Сергеј Варошлија.

Спомена за седенките и разговорите во Дебар маало во куќата на бабата на Боки, Евгенија, која, според него, му оставила многу материјални добра за да му обезбеди успешен живот. А, на прашањето дали се сеќава на 15 јули 2019 година, тој одговори:

„За жал, многу добро се сеќавам на тој датум заради се што се случи. Јас, Анета Кочишки, Лила Филиповска се најдовме кај него дома, а Боки беше на некој преглед и задоцни малку. Требаше да одиме на одмор на Миконос со авион. По пат застанавме на неколку бензински пумпи, а кога дојдовме на граничниот премин на Бојан му рекоа да излезе од возилото. Потоа ни рекоа дека ние сме слободни, а тој мора да остане. Извршија претрес на возилото. Одзедоа се што имаше внатре, па и некои мои предмети, чевли и ташни, изгледа мислеа дека се што е брендирано е на Боки“, изјави Варошлија.

Вториот сведок Алекс Кртов, сопственик на галерија, рече дека Бојан Јовановски му бил муштерија и му урамувал огледала за станот во Орман. Посочи дека има склучено реверс за тие слики, договор за продажба се прави кога тие ќе се продадат.

„Му правев некое огледало за станот во Орман. Имаше добар стан и тогаш го уредуваше. Јас му предложив да ставиме некои уметнички слики да постојат некое време. Знаете во тоа време тој беше ѕвезда скопска и таму се вртеа еминентни луѓе. Мене ми беше идеја по некое време да направиме аукција на телевизијата што ја водеше тогаш“, додава Алекс Кртов.

Повлечени се тројца сведоци, Дејан Панделески, Владимир Тодоровиќ и Јовче Ременски, а за утре останува да сведочи Фросина Ременски, на предлог на Јовановски.

Судењето за „Рекет“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.На денешно рочиште требаше да бидат сослушани уште тројца сведоци, но Владимир Тодоровиќ, Дејан Панделески и Јовле Ременски беа повлечени од одбраната, а сведокот Лидија Јаневака доставила медицинска документација дека е под стрес и не може да сведочи.