Антониа откри на која песна се вљубила во Иван во „Еден на Еден“

ИЗВОРновлист
|

Пејачката Антониа Гиговска и ракометната судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се гости во новата емисија Еден на Еден кај Жаре, во недела од 18.30 на Канал 5.

Антониа раскажа како го запознала пејачот Иван Јованов со кој е во врска, потоа за нејзиното искуство како придружен вокал на Тамара на „Евросонг“. Исто така запеа дел од нејзината омилена балада на која се вљубила во Иван, и за прв пат во Еден на Еден, во живо ја промовираше новата песна, „Крива сум“.

Судиската двојка Начевски и Николов кои го судеа финалето на ЕП во Келн, раскажаа многу приказни од долгогодишната кариера.

„Во Африка, новинарот и снимателот влегуваат на терен среде натпревар, и додека уште трае играта прават прилог“, е едно од нивните искуства. „Таму навивачите се маваат со патики“, рекоа Ѓорѓи и Славе.

Ѓорѓи ги искоментира и навредливите графити низ градот кои се однесуваат на неговиот татко, судијата Марјан Начевски.

„Такви графити има повеќе отколку за Бранко и Љупчо“, рече Начевски.

Жаре подготви и специјален осмомартовски монолог и песна.

Во продолжение, погледнете една од интересните приказни од ЕП во Келн на Начевски и Николов, каде што му беа досудени чекори на Карачиќ и најавата за емисијата: