Судијката која го водеше случајот за старателството над синот Александар ја тужи Северина

ИЗВОРновлист
|

Судијката Луција Ласиќ одлучила да ја тужи пејачката Северина. Причината се наводните навреди кои пејачката ги изнела на нејзина сметка.

Луција на 28 февруари одлучила во Општинскиот суд во Загреб да поднесе тужба против Северина за нарушување на честа и барала оштета од 3 000 евра.

На седницата која се одржала на 19 февруари судијката побарала изземање од случајот, но изеземањето било одбиено.

Луција повторно побарала изземање со образложение дека започнала постапка за наштетување против едната странка, односно постапка против Северина.

За потсетување, на 28 ноември 2018 година судот во Загреб донесе одлука да и се одзмеме старателството на Северина над нејзиниот син Александар и пејачката веднаш мораше да го предаде синот на нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ.

Имено, одлуката кому ќе му припадне детето, на Северина или на нејзиниот сопруг Милан Поповиќ, го подели судот во Сплит, пишуваат хрватските медиуми.

Тричлениот судски совет на Судот во Сплит уште на 12 февруари одржал седница на која не била донесена никаква одлука. Проблемот бил, како што неофицијално се дознава, судијката Луција Ласиќ заговарала потврдување на првостепената одлука која е во корист на поранешниот сопруг на Северина, а другите две судијки биле против.

Седницата била одложена, така што уште не е познато како ќе заврши случајот и кој ќе добие старателство над детето на Северина.