Арачиновци се расправале во сообраќај, па тинејџер извадил пиштол и пукал

|

43-годишен жител на Арачиново вчера пријавил во полиција дека 19-годишно момче од селото, по сообраќајна расправија што ја имале, пукало со пиштол кон него, соопшти МВР.

„На 24.05.2023 во 17.26 часот во Полициска станица Гази Баба, С.Ш.(43) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека додека управувал патничко возило „Фолксваген Голф” со скопски регистарски ознаки на подрачјето на Гази Баба, поради недоразбирање во сообраќајот, Љ.И.(19) од истото село, кој управувал мопед, испукал од пиштол кон пријавителот“, пишува во полицискиот билтен.

Во инцидентот нема повредени, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.