Огромно археолошко откритие во Египет – најдени 27 запечатени саркофази постари од 2.500 години (ФОТО+ВИДЕО)

Во египетска Гиза, археолози открија вкупно 27 запечатени саркофази чија старост ја проценуваат на повеќе од 2.500 години, соопшти египетското министерство за туризам и антиквитети.

Пред една недела беа откриени 13 одлично зачувани сакрофази, а потоа во петокот беа најдени уште 14, со што очигледно станува збор за едно од најголемите откритија од тој вид.

Станува збор за запечатени саркофази кои досега никој не ги отворал, а археолозите ги нашле во три одвоени запечатени локации на длабочина од 11 метри.

Should we *really* be disturbing these? I mean, 2020 is enough trouble already, right? | Egypt tomb: Sarcophagi buried for 2,500 years unearthed in Saqqara https://t.co/XrlIo5nWOW
— Tim Richards (@Aerohaveno) September 20, 2020

Од фотографиите се гледа дека се одлично зачувани и дека на некои е добро зачувана дури и оригиналната боја на дрвото со шари и хиероглифи. Пронајдени се и разни предмети кои ќе го разјаснат статусот на телата и ќе овозможат да се направи слика за нивниот имот и општествено влијание, иако засега идентитетот останува непознат.

Локацијата кадед се пронајдени саркофазите се наоѓа околу 25 километри јужно од пирамидите на платото Гиза, а таму е познатата скалеста пирамида на фараонот Зосер, прва од фараонската ера.

So this is really cool and all, but please do NOT open any of these. 2020 is challenging enough already! https://t.co/i10TQ3jhIR
— Jeanne Adams #WakandaGrievesTheKing (@JeanneAdams) September 21, 2020

Имхотеп го изградил споменикот околу 2700 години пред новата ера, па затоа тој се смета за еден од најстарите во светот.

استمرارا لأعمال حفائر البعثة الأثرية المصرية برئاسة الدكتور مصطفي وزيري الامين العام للمجلس الاعلي للاثار بمنطقة آثار…

Gepostet von ‎Ministry of Tourism and Antiquities وزارة السياحة والآثار‎ am Samstag, 19. September 2020

Египетската влада музеите и културните знаменитости за посетителите повторно ги отвори на 1 септември, бидејќи поради кризата имаше проблеми со туристичката сезона.

Туризмот за египетската економија во 2019 година придонесе со рекордни 13,6 милиони посетители, пред кризата да оневозможи посети на странски туристи.