После оставките на директорите на ЈП Градски паркинг и депонијата Дрисла, се огласи и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Соопштението ви го пренесуваме во целост:
„Поради несоодветно работење, неиспорачување резултати и непочитување на насоките на градот Скопје, директорите добија понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени.
Градот Скопје е град на сите скопјани, затоа сите носители на овие одговорни раководни функции во градот се должни да даваат отчет пред граѓаните, а не пред партиските лидери.
Скопје мора да биде модерен град, град за сите скопјани.“ се вели во соопштението на градоначалничката Арсовска.