Австралискиот суд донесе одлука – Еве што имаа да кажат Надал, Изнер и Ротенберг за одлуката

ИЗВОРНов Лист
|

Австралиски судија одлучи дека визата што му беше одземена на Новак Ѓоковиќ при неговото пристигнување во Австралија е валидна. Србинот дојде во Мелбурн да игра на Австралија опен како бранител на титулата, а наместо тоа се најде во имиграциски притвор, каде се наоѓа од средата. Судот сега нареди Ѓоковиќ да биде ослободен во рок од 30 минути.

Судот од полноќ по наше време расправа за случајот со српскиот тенисер.

Сè што треба да направи е повторно да го освои трофејот, да замине и никогаш да не се врати“, напиша Џон Изнер на Твитер.

Познатиот австралиски спортски новинар Бен Ротенберг му порача на Ѓоковиќ веднаш да оди на тренинг.

„Да сум на местото на Ѓоковиќ, веднаш би отишол на тренинг терените на Австралија опен. Таму би се фотографирал како веќе да сум дел од турнирот, ако ништо друго, за мојот настап таму да изгледа како завршена работа. За на владата да и биде понезгодно да го приведе, напиша тој.

За целата  ситуација и  Надал го даде своето мислење:

„Од спортската страна повеќе би сакал да не биде тука, но судот си го кажа своето и не е важно дали се согласувам или не со Ѓоковиќ за некои прашања. Ја почитувам одлуката на судот“, изјави Рафаел Надал за шпанските медиуми.