Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди Хрватска околу 12:40 на 19 километри од Ријека, Епицентарот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотрес денес ја погоди Грција, а епицентарот бил недалеку од островот Самос.
Според првичните податоци, првиот земјотрес бил со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала, а 14 минути подоцна, во 13 часот и 10 минути е забележан и втор земјотрес со јачина од 5,2 степени. Третиот земјотрес се случил во 13 часот и 19 минути, јавуваат грчките медиуми.
Засега нема информации за материјална штета и повредени.
Епицентарот бил на 14 километри југозападно од Питагора.
Она што загрижува, како што додаваат, е дека вториот земјотрес не бил „афтершок“ бидејќи бил посилен од првиот. Според очевидци, двата земјотреси особено биле почувствувани на островот, каде владеела паника.
Земјотрес беше регистриран и во Босна и Херцеговина, со јаина од 3 степени околу 17:44 на 47 километри од Мостар.
Регистрирани беа вкупно 11 земјотреси денес.