Барселона со добра игра против Виљареал на минус четири бода во однос на Реал Мадрид

|

Актуелниот шпански шампион Барселона продолжува во трката со Реал Мадрид во обид да ја одбрани титулата во шпанското фудбалско првенство. Барселона на тешкото гостување кај Виљареал забележа висока победа со 4:1 и не му дозволи на Реал Мадрид многу да се одлепи на врвот на табелата во Ла Лига.

Според фудбалските експерти, Барселона синоќа го одигра својот најдобар натпревар оваа сезона. Изменетата формација со Гризман како истурен напаѓач се покажа како успешна. Головите за Барселона ги постигнаа Франциско Торес (автогол), Луис Суарез, Антоан Гризман и Ансумане Фати, додека за Виљареал погоди Џерард Морено. Лионел Меси иако не беше стрелец, придонесе во победата со две асистенции.

По победата на Реал Мадрид, кој на гости кај Атлетик Билбао победи со 1-0 со голот на Серхио Рамос од пенал, со изјава се јави претседателот на Барселона, Бартомеу. Имено, според него, во Шпанија ВАР системот работи само за еден клуб. Оваа изјава беше испровоцирана поради тоа што неколку минути по голот на Реал, судијата мораше да досуди пенал за домашната екипа затоа што Рамос направи очигледен прекршок против Гарсија, но ВАР не реагираше.

Со овој меч се комплетира 34. коло по кое Реал има 77 бода, Барселона 73, Атлетико Мадрид 62, Севиља 57, Виљареал 54.