Димитар Бербатов истакна дека Ливерпул е фаворит во неделното дерби против Јунајтед на Олд Трафорд.
Таква оценка и мислење на Бербатов преовладува по ужасниот пораз на Јунајтед кај Њукасл последното коло од Премиерлигата.
Ѓаволите беа поразени со 1:0, во меч кој уште еднаш демонстрираа разочарување за навивачите.
„Базирано на тоа каква форма имаат двете екипи и каде се наоѓаат на табелата, Ливерпул е далеку напред. Јунајтед ќе мора добро да го подготви овој натпревар, а најтажниот дел од оваа приказна е дека Јунајтед е аутсајдер“.
„Се обидувам да останам оптимист, но тоа ќе оди тешко за Јунајтед да добие добар резултат, бидејки знаеме и гледавме што се случи против Њукасл. Тоа веројатно беше најужасниот меч кој го гледав, искрено, беше болно да се гледа тоа“, констатира Бербатов.